На 15.03.2024 во 10.40 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна единица при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(21) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени 37 пакувања хероин и марихуана. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што, исто така, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со хероин, марихуана, четири дигитални ваги и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Во консултација со јавен обвинител против лицето е поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик, а од судија на претходна постапка му е определен притвор.
Денеска (16.03.2024), полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.А.(28) и Е.А.(32), двајцата од с.Буковиќ, скопско. Тие се сомничат дека на 15.03.2024 околу 20.20 часот на улица „Доне Божинов“ во Куманово со патничко моторно возило „ренџ ровер” со скопски регистарски ознаки удриле во патничко моторно возило „фолксваген пасат”, кое го управувал С.С.(63) од Куманово, при што пукале кон С.С. и му одзеле торба со пари, а подоцна го запалиле возилото „ренџ ровер”. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 15.03.2024 во 17.20 часот во близина на охридското село Рача, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода А.П.(24) од охридското село Куратица и К.М.(24) од Охрид. Тие биле затекнати како во патничко возило „бмв“ користат марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.М.(23) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 15.06.2023, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
СВР Штип поднесе кривична пријава против М.К.(19) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во прометнааркотичнидроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 13.06.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и две дробилки.
На 15.03.2024 во 21.45 часот на локален пат за село Велешта, струшко, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга лишиле од слобода малолетник од село Велешта и го привеле Ф.Ш.(36) од истото село. При преглед во патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Н.А.(36) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 23.03.2023, полициски службеници извршиле претрес на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
На 15.03.2024 во 13.20 часот во СВР Велес било пријавено дека во Општа болница Велес со тешки телесни повреди бил донесен И.Ј.(51) од Велес. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи за фирма од Велес. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес и трудов инспектор.
На 15.03.2024 во 23.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со тешки телесни повреди бил донесен И.Е.(56) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на работни задачи за „Комунална хигиена Скопје“ во с.Долно Лисиче, скопско. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.
На 15.03.2024 во 20.00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Д.Е.(28) од Кочани затоа што во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата 57-годишна мајка и се обидел физички да го нападне неговиот брат. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 15.03.2024 во 09.46 часот во СВР Скопје, Б.П.(38) од с.Сарај, скопско, пријавил дека во периодот од 12.03.2024 до 15.03.2024 на негова нива на место викано „Драчево“ покрај автопатот Скопје – Тетово била опожарена најлон фолија и систем за наводнување. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 15.03.2024 во 08.30 часот во Полициското одделение Ранковце, Б.Б.(40) од с.Ранковце, кривопаланечко, пријавил дека во с.Станча, општина Ранковце, настанал пожар во стара куќа во која не живеел никој. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Крива Паланка, а повредени лица немаувид бил извршен.
На 15.03.2024 во 04.25 часот на подрачје на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле Х.П.(34) од Скопје затоа што агресивно се однесувала кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 15.03.2024 во 12.10 часот во СВР Скопје, Д.С.(22) од с.Петровец, скопско, пријавил дека во 11.10 часот на пат од н.Илинден кон с.Трубарево, скопско, бил физички нападнат од Б.К. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 15.03.2024 во 13.30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле А.А.(67) од с.Речане, гостиварско затоа што околу 13.00 часот агресивно се однесувал и упатил закани кон адвокатка од Гостивар во нејзината адвокатска канцеларија. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 15.03.2024 во 17.20 часот во СВР Тетово, Н.А.(58) од Тетово пријавил дека околу 17.10 часот во Тетово бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 15.03.2024 во 19.30 часот во Полициската станица Гостивар, Е.Ј.(30) од Гостивар пријавил дека околу 18.30 часот на улица „Никола Парапунов“ бил физички нападнат од С.Ј. од Гостивар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.03.2024 во 00.10 часот во СВР Тетово, В.С.(68) од Тетово пријавил дека на 15.03.2024 неговиот внук Ф.Б.(17), лице со здравствени проблеми, заминал на училиште и не се вратил дома. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 15.03.2024 околу 16.50 часот во Полициската станица Чаир било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Скопје, осуденикот А.А.(24) од Скопје физички нападнал полициски службеник и побегнал од затворот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 15.03.2024 во 08.57 часот во СВР Скопје било пријавено дека со употреба на сила и тврд предмет било влезено во Базна станица на МВР во населба Драчево во Скопје и било одземено гориво. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 15.03.2024 во 16.20 часот во Полициската станица Ресен, Е.К.(62) од Ресен пријавила дека на ул.„8“ во Ресен била касната од куче скитник.
На 15.03.2024 во 14.00 часот во Полициската станица Прилеп, Љ.П.(75) од с.Чаниште пријавила дека во нејзиниот дом била касната од куче сопственост на М.П. од с.Чаниште.
На 15.03.2024 во 20.00 часот во СВР Охрид е пријавено дека околу 17 часот во месноста „Аралосој“ во атар на охридското село Долно Коњско, П.К.(53) од истото село бил каснат од куче сопственост на Б.Н. од селото.