Потпишани барањата за екстрадиција на Шеваљ и Мухамед Чајани

Сподели

 

Министерот за правда Кренар Лога ги потпиша барањата за екстрадиција на Шеваљ Муареми и Мухамед Чајани, се наведува во денешното соопштение на Министерството за правда.

Барањата откако ќе бидат преведени ќе бидат проследени до МНР на натамошно постапување до Обединетите Арапски Емирати, додаваат од министерството.

„МУАРЕМИ ШЕВАЉ, татко Азби, мајка Азбије, роден 18.11.1977 година во Скопје, живее на улицата 5 бр. 1, с. Грчец општина Сарај. Се бара по распишана меѓународна потерница од ОЈО за ГОКК – Скопје со наредба КО БР. 15/24 од 30.1.2024 година. Лицето е под истрага за сторено кривично дело по чл. 123 ст. 2, чл. 394 ст. 3 и чл. 215 ст. 3 од КЗ на РСМ“, објавени е на веб-страницата на МВР.

Со потерница се бараат уште седум лица, меѓу кои и Чајани, осомничени дека се членови на неговата група Дуќанџик од родното село на Шеваљ.