Министерот Тошковски се обрати на Инаугуративниот меѓународен симпозиум на IACLEA

Сподели

 

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски имаше воведно обраќање на Инаугуративниот меѓународен симпозиум на Меѓународната асоцијација за безбедност на администратори на кампуси на агенциите за спроведување на законот (IACLEA). Овој симпозиум ги опфати темите поврзани со сајбер безбедноста, спречувањето на криминалот од омраза, обезбедувањето при собири од поголеми размери, спречувањето и борбата против трговијата со луѓе и криумчарењето мигранти, а на истиот свое учество имаат и реномирани меѓународни експерти од оваа област, вклучително и од македонското министерство за внатрешни работи.

 

Истакнувајќи ја меѓусебната соработка во борбата против транснационалниот криминал, министерот Тошковски во своето обраќање потенцираше дека:

„Географијата нé прави соседи. Историјата нé прави пријатели. Економијата нé прави партнери, а неопходноста од заедничко дејствување против сите закани и опасности – нé направи сојузници. Најголем двигател за регионална соработка во земјите од Западен Балкан е приклучувањето кон Европската унија. Во Европската Унија – регионалната соработка е средство за постигнување стабилизација, еден од чекорите за натамошна интеграција на ЕУ. Со други зборови, сите сме „за“ регионална соработка, но заради различни причини.“