ПИОМ исплаќал пензии и на починати, утврди Државниот завод за ревизија

Сподели

dupkite-vo-stazhot-kje-gi-zatvoraat-i-rabotnicite-i-fondot-so-prodazhba-na-zaplenet-imot-265536

Пензискиот фонд им исплаќа пензија и на починати лица зашто нема целосна контрола, утврди Државниот завод за ревизија. Во извештајот објавен денес, овластениот државен ревизор констатира дека Фондот за пензиско и инвалидско осигурување нема целосни и точни информации кому се по закон треба да му исплаќа пензија или да врши други исплати, објави СДК.

„По извршената проверка на воспоставените контроли при исплата на пензиите, ревизијата констатира дека и покрај преземените активности за воспоставување и функционирање на системот на интерни контроли (доставување на потврди за живот, школски потврди, исплата на солидарен фонд) исплата на корисник на пензија може да се изврши и по истекот на законски утврденото право. Причина за ваквата состојба е необезбедени навремени, точни и целосни информации од надлежните институции и електронска форма на податоци во Фондот. Утврдената состојба создава ризик да се изврши исплата на пензиски примања на починати корисници на пензија во и надвор од РМ, претплата по основ на времени инвалидски пензии и исплата на корисници на семејна пензија – деца по престанување на школувањето”, стои во ревизорскиот извештај за работењето на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Во вакви случаи Фондот треба да бара враќање на парите, но ревизорот утврдил дека активностите за поврат на повеќе исплатените средства од деловните банки преку Управата за финансиска полиција се забавени, а преземените активности за враќање на долгот се покренување на постапка за надоместок на штета од корисниците се недоволни.