Полицијата ги пронајде остатоците од урнатиот авион

Сподели

policija_avion

Авионот што исчезна попладнево се урнал кај велешкото село Кожле, каде што се најдени остатоци од леталото. Локацијата на уривањето ја потврди Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата загинале шест патници чиј идентитет не е утврден, но италијанските медиуми објавија дека се работи за четворица Италијанци и за двајца косовски државјани, јави МИА.

Авионот бил приватен со германски национални ознаки, од типот Пајпер Па 34-200 Т Сенека. Полетал од Тревизо, Италија, а крајната дестинација му била Приштина. Над Македонија требало да изврши прелет и бил пријавен на аеродромот Александар Велики.

Исчезнувањето на авионот од радарот денеска попладне во 17.40 часот во МВР го пријавила Контролата на летање на скопскиот аеродром.

За настанот е информиран Јавен обвинител и Комитетот за истражување авионски несреќиЗагинати се сите шестмина патници во авионот што се урна вечерва на два километри од селото Кожле, кај месноста Кремење, општина Петровец, потврди полицијата.