Шест лица, од кои пет мажи и една жена загинаа во падот на авионот „пајпер“ што вчера попладне се урна во близина на скопскиот аеродром „Александар Велики“, во атарот на селото Кожле.
Како што објавија италијанските медиуми, авионот го управувал пилотот Франческо Монтањер, претседател на аероклубот во Тревизо, а во него биле уште потпретседателот на клубот Дарио Бастасин, како и Лука Дале Муле, Италијанката Илариа Берти, Ангело Калегари и Косовецот со италијански пасош Висар Бегај.
Според рутата, авионот требало од Тревизо да слета во Скопје за да наполни гориво, а потоа да се упати кон Приштина, но два километра пред пистата леталото се губи од радарот.
Истрагата е во тек и засега нема информации што довело до падот на авионот.