Министерот за внатрешни работи го посети седиштето на Секторот за внатрешни работи Скопје кој е најголем сектор во државата и го покрива подрачјето на главниот град со околните општини, каде одржа работен состанок со раководството.
Од страна на раководството министерот беше запознаен со нивната тековна работа, состојбата од аспект на пополнетост со човечки ресурски која е на релативно ниско ниво, особено во делот на униформирани полициски службеници, материјално-техничката опременост, како и преземените мерки во врска со позначајните кривично-правни настани кои се случија во изминатиот период.
„Во таа насока во месец март се поднесени 306 кривични пријави, а во последните денови како позначајна реализација ја издвоија кривичната пријава за “Бесправно градење“ по чл. 244а од КЗ против лицето А. Е. кој без да поседува одобрение за градба започнал со доградба и надградба на објект лоциран на плоштад “Скендербег” во Општина Чаир.
Што се однесува до организирање и спроведување на претстојните избори бев известен дека СВР Скопје ги презема сите потребни мерки и ќе одговори на овој безбедносен предзвик и покрај фактот што се соочуваат со сериозен недостаток на човечки ресурси и моторни возила потребни за непречено функционирање.“, извести министерот Тошковски.
Од страна на министерот Тошковски уште еднаш беше потенцирана заложбата за работење исклучиво во согласност со позитивните законски прописи и дека тоа е едиствено нешто што тој го бара од полициските службеници во наредниот период.