Пендаровски: Зад моето име нема криминал, корупција или наместени тендери

Сподели

Како национален координатор за НАТО во 2018 година ги водев преговорите за членство во Алијансата со што го осигуравме опстанокот на државата. Ја поддржав Европската преговарачка рамка, со која не само што ги започнавме преговорите по 17 години чекање, туку и договоривме со Брисел македонскиот јазик да биде еден од официјалните јазици на Европската Унија.

Поголем доказ од тоа дека ние сме тие што ја штитат македонштината нема, а сегашната опозиција работи против таа кауза. И тогаш и денеска, тие се заинтересирани само за власта и за парите, а не за интересите на државата и граѓаните.

Повторно ја барам довербата од вас, затоа што зад моето име нема криминал, корупција или наместени тендери.

Ги повикувам граѓаните на 24 април на масовна мобилизација и уште во првиот круг, да ја осигураме заедничката победа на 8 мај!

Денеска ќе бидам со граѓаните на Македонски Брод и на Кичево.

Нашиот пат е европска интеграција, негување на меѓуетнички односи и грижа за сите граѓани и затоа ќе победиме.