Сподели

Новинарот Фуркан Салиу, во изјава за медиумите вчера кога излезе од полициска станица откако беше приведен по инцидентите на фудбалскиот натпревар помеѓу Куманово и Коњаре кажа дека смета оти е ослободен само затоа што работи како новинар и дека во спротивно би завршил во притвор. Салиу кажа дека полицијата почнала да тепа недолжно момче, а полицијата била без координација. 

Тој негира дека учестувал во нередите или дека нападнал полицаец и додава дека снимал само како полицијата тепа момче кое учестувало во немирите.

„Ме товарат дека сум нападнал полицаец. Нека го докажат тоа, од утре не ме гледате на екран. Ќе се извинам и ќе се тргнам. Нека докажат дека сум чепнал еден полицаец. Тоа го има на камера во МВР, затоа што тие го снимаа.

Салиу вели дека откако бил приведен приватниот автомобил му е претресен од страна на полицијата каде го има пронајдено пиштолот кој бил расклопен и кој за истиот поседувал дозвола.