Производите на „Алкалоид“ кои се наменети за најмладите од неодамна и на подалечните пазари. Станува збор за продукти кои се од сегментот додатоци на исхраната, и со кои компанијата го прошири своето портфолио.
Компанијата со слоганот „Becutan KIDS VITS освојува нови пазари!“
– Отсега, нашиот добро познат бренд е достапен и во Монголија. Со четирите производи од сегментот додатоци на исхрана, Алкалоид го проширува своето портфолио и го зацврстува присуството на овој пазар.
Остануваме посветени да го понудиме најдоброто за најмалите! – објавија од компанијата „Алкалоид“.