ИЗБОРИ 2024, Гордана Силјановска Давкова

Сподели

Над 70% од народот вели дека водат погрешна политика, а тие играат оро. Нам ни се случува Тешкото, ама нив не ги допира зашто се однародени!

Мнозина од вас денес видоа што вели Фридом Хаус за состојбите во Македонија. Вели дека ова е режим, хибриден, циклично-хибриден режим. Значи, се вртиме во круг.

Не бива реформатори од луѓе потонати во корупција и криминал. Ние сме реформаторите, а тие ќе бидат клиентите. Крајно време е овие клиенти во сите области да одговараат, се разбира, пред независното судство.

Претседателот откако вчера ме пофали дека сум била одлична професорка, врвна интелектуалка и дека сум имала силна морална вертикала и затоа ако победел, ќе ме предложел за уставна судијка. Јас имам проблем бидејќи не ќе можам да го предложам за во Уставен суд бидејќи критериумите што јас ги имам за уставен судија се многу високи.

ИЗБОРИ 2024, Гордана Силјановска Давкова