Управниот суд пресуди во корист на Академијата за судии и обвинители

Сподели

Управниот суд ја уважи тужбата од Академија зa судии и јавни обвинители „Павел Шатев” против одлуката на Државната комисија за спречување на корупција, со која ДКСК утврдува дека Академијата ги прекршила законите со тоа што не го стопирала процесот на селекција на кандидати.

“Управниот суд ја известува јавноста дека на ден 13.04.2024 година во 22.00 часот, судечкиот совет по предметот УРП.бр.76/2024, оформен по тужба поднесена од Јавната установа Академија зa судии и јавни обвинители “Павел Шатев” од Скопје, против Одлука бр.12-1330/15 од 11.04.2024 година на Државната комисија за спречување на корупција, ја донесе и јавно ја објави следнатa одлука:

Во име на граѓаните на Република Северна Македонија, Претседателот на советот по советувањето и гласањето јавно ја соопшти Одлуката по тужбата со следната изрека:

П Р Е С У Д А –  Тужбата на тужителот Јавна установа Академија за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев”Скопје, СЕ УВАЖУВА.

 Одлуката на Државната Комисија за спречување за корупцијата бр.12-1330/15 од 11.04.2024 година, СЕ ПОНИШТУВА и предметот се враќа на повторно одлучување на тужениот орган.

Тужениот орган е должен да постапи по одлуката на Управниот суд согласно член 33 став 3, 4 и 5 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси”, се наведува во соопштението на Управниот суд.