Гордана: Егзодусот нема етнички предзнак, бегаат затоа што државата е олигархиско гнездо

Сподели

“Не се станува државник ако вие секој ден го менувате ставот, тогаш нема да ве почитуваат зашто не си го почитувате зборот!

Мене првата изјава нема да ми биде: ,,Ви зборува врховниот командант на вооружените сили”. Гледате ли фрустрирани ликови од што се импресионираат? Јас ќе го ставам акцентот на културната, на економската, на спортската, на образованата дипломатија.

Егзодусот нема етнички предзнак, бегаат затоа што државата не е правна држава, туку олигархиско гнездо на неколку премоќни фамилии, на партии кои секој ден ја менуваат идеологија: црни, зелени, европски претседатели. Од тоа не бива ниту лидерство, ниту државништво, ниту држава!”

ИЗБОРИ 2024, Гордана Силјановска Давкова