Таравари: Ќе го забраниме коцкањето, ќе ги затвориме фирмите за брзи кредити и ќе ги простиме долговите на граѓаните

Сподели

Целосно ќе го забраниме коцкањето, ќе ги затвориме фирмите за брзи кредити и ќе ги простиме сите долгови на граѓаните земени како брзи кредити!

 Ова беа пораките што денеска од Дебар ги испрати Арбен Таравари, кандидатот за претседател од ВЛЕН. Според него, ДУИ ја инсталира болеста на коцкање, додека руските и српските олигарси заедно со функционерите на ДУИ се збогатуваат од парите што ги трошат граѓаните.

„Коцкањето е лоша навика. Пореметувањето од коцкањето е класифицирано како болест од страна на Светското здравствено собрание во 2019 година. Коцкарската болест е инсталирана и промовирана од ДУИ во секој агол од нашите населби. Оваа болест, која ја симболизира Лотаријата на Артан Груби, ги уништува нашите семејства, го уништува нашето општество“, потенцира Таравари.

Тој додава дека лесен и брз пристап до лихварски пари ги втурна во долгови нашите сограѓани додека Лотарискиот клан го добива својот дел од круната.

 „Затоа ние како следна влада на ВЛЕН целосно ќе го забраниме коцкањето. Нема повеќе богатење на сметка на граѓанинот“, рече Таравари.

Таравари меѓу другото рече дека нашата земја заостанува, во економијата, во правдата, во демократијата, во граѓанските права, во правата на луѓето, во правата на малцинствата, во вработувањето, во домувањето, во развојот, затоа тој нагласи дека е време за промена која ВРЕДИ!

ИЗБОРИ 2024, Арбен Таравари