Читачкиот клуб во „Европска куќа Скопје“ ќе биде повторно активиран со романот „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска, што неодамна ја доби престижната награда Роман на годината во организација на Фондацијата „Славко Јаневски“.
„Единствен матичен број“ е четврти роман на Лидија Димковска, издаден во 2023 година од Издавачки центар „ТРИ“. Во овој роман, таа низ една семејна приказна се зафаќа со темата на идентитетот, миграцијата, современaта дистописка изолираност и алиенација содржани во поимот „пустелија“.
„Добрата литература и добрите романи не треба да бидат ’чудо за три дена‘ и за нив треба да се разговара и да се дискутира“, велат од „Европска куќа Скопје“.