Во организација на Државниот архив, утре на 19 април 2024 г., во 12 часот ќе биде промовирано изданието “Книга за меморија” Ученици и студенти Евреи од град Скопје (1920 – 1943) – д-р Јасмина Дамјановска, проф. д-р Ленина Жила, проф. д-р Александар Манојловски.
Промотор на изданието ќе биде проф.д-р Наташа Котлар.
Промоцијата ќе се одржи во Промотивниот центар на „Саемот на книгата“ кој се одржува во „Арена СЦ „Борис Трајковски“ и во чии рамки Државниот архив има штанд преку кој ја претставува издавачката дејност.
Државниот архив ги поканува сите заинтересирани да присуствуваат на промоцијата и на средба со авторите.