Едукативна работилница на ХАЕМУС

Сподели

Во организација на Центарот за научно истражување и промоција на културата – ХАЕМУС а во партнерство со Интерпрет Јуроп (Interpret Europe), на 24.април од 18:00 часот ќе се одржи онлајн едукативна работилница „Интерпретациjaта како основа за одржлив развој на природното и културното наследство“.

Оваа работилница е наменета за сите професионалци од областа на природното и културното наследство, индивидуалци но и претставници на институции, како и организации или неформални иницијативи кои учесниците ги застапуваат. На настанот учесниците ќе откријат што точно означува толкувањето на наследството и какви сѐ можности отвора примената на интерпретациските алатки.  

Работилницата ќе ја води м-р Василка Димитровска, директор на ХАЕМУС, сертифициран интерпретатор и национален координатор на Interpret Europe за Македонија.

Интерпретацијата е моќна едукативна, комуникациска и визуелна алатка која буквално го оживува наследството пред очите на посетителите. Притоа им овозможува на учесниците да создадат подлабока врска со локалното презентирано наследство, ги инспирира и ги потикнува на одржливост локалните заедници кои се грижат за него и најсетне со интерпретациските алатки и методи се зачувува природното и културното наследството за идните генерации.