Почина Џаро најпознатиот менаџер во екс-ЈУ

Сподели

По кратко боледување, на 75-годишна возраст почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на поранешна Југославија.

Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди, дека организирал 5.000 концерти и бројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.

“Чао Благојче мој, знам дека и горе ќе се снајдеш и ќе најдеш некоја сигурица за играње. Не ти кажав, ама ти знаеше дека ми беше идол. Погребот е утре во 13 во капела во Ѓорче Петров”, објави на својот ФБ профил, ќерката на Џаро, Милица Џаровска.

Минатата година беше промовирана биографската книга за Велибор Џаровски – Џаро, „Живот на коцка“. Авторка на книгата е неговата ќерка, новинарка Милица Џаровска.