Пропадна и третиот оглас на Град Скопје за изработка на основен проект за барокна фасада на зградата „Ибни Пајко“. И овојпат до комисијата не стигнала ниту една понуда, а архитектите во целост уште еднаш го испочитуваа повикот за бојкот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), објави СДК.
Од Градот не кажаа дали и кога ќе распишат нов оглас. Асоцијацијата на архитекти на Македонија, пак, најави дека колку пати Градот ќе распише оглас за барокна фасада на „Ибни Пајко“, толку пати тие ќе го повторат повикот до проектантските бироа и до архитектите да го бојкотираат огласот за да се заштити сегашниот изглед на зградата.
Ставот на ААМ е дека бојкотот е единствениот начин да се стави крај на скрнавењето на градот.