Повеќе од 4.000 компании, меѓу кои државни и приватни претпријатија, како и граѓани, се најдоа на новата листа на должници на Управата за јавни приходи (УЈП) објавена на нејзината веб-страница.
Новата листа на должници бр. 08/2016 е за долгови доспеани до 31 мај и непелатени до 31 август врз основа на данок на додадена вредност, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси за задолжително осигурување, акцизи и царини.
Износот на долговите на должниците е повисок од 120.000 денари за физичките лица и за самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.