КАМПАЊА САД: ДАЛИ ЗДРАВЈЕТО НА ХИЛАРИ КЛИНТОН ЌЕ ГО ИСКОРИСТИ ТРАМП ВО ПОСЛЕДНАТА СЕРИЈА УДАРИ?

Сподели

Хилари Клинтон ја напуштила вчерашната церемонија на оддавање на почит на жртвите на терористичкиот напад на 11-ти септември 2001-ва година во Њујорк, затоа што „не се чувствувала добро“, пренесува BBC.

Медицинскиот тим на демократскиот претседателски кандидат Хилари Клинтон соопшти дека таа има воспаление на белите дробови. Откако изгубила свест на комеморацијата по повод 15 годишнината од терористичките напади во Њујорк, Клинтон ја откажа кампањата во Калифорнија.

Републиканците одамна и` префрлаат дека не е здравствено подготвена за динамиката на предизборните активности, но нејзниот медицински тим го негира тоа. Здравствениот проблем е последниот од серијата удари за Клинтон, во време кога Трамп успеа целосно да ја избрише нејзината предност во националните анкети. Нејзината оценка дека поддржувачите на Трамп се „група очајници“, расисти и хомофоби, предизвика жестоки реакции, по што мораше да ја повлече изјавата.

На 26 септември се одржува првата од трите претседателски ТВ дебати. Изборите се закажани за 8 ноември.