АНКАРА (АА) – Министерството за правда на Република Турција испрати барање до Соединетите Американски Држави (САД) за апсење на водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, за наредување на државниот удар во Турција, и раководење со него, јавува Anadolu Agency (AA).
Ова е прво барање на турското Министерство за правда кон САД, кое се однесува на привремено лишување од слобода во врска со обидот за државен удар во Турција, кој го изведе терористичката организација ФЕТО на 15 јули оваа година.