Силјановска во јавните настапи има право да каже Македонија како чин на самоопределување

Сподели

По повод вчерашната инаугурација во која во јавниот настап претседателката Гордана Силјановска-Давкова, не го употреби називот „Северна“, се огласија и од кабинетот на претседателот. Оваа неупотреба на Северна, предизвика многу внимание кај Грција, Бугарија и дел од политичките субјекти во земјава, кои побараа да се повтори процедурата, па дури и функцијата претседател да ја презеде претседателот на Собранието.

„Во своите јавни настапи, македонската претседателка има право да го употребува името Македонија, како чин на лично право на самоопределување и самоидентификација, почитувајќи ги основните човекови права и слободи, и согласно европските вредности и начела.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе се придржува до официјалната примена на уставното име.

Согласно Уставот, како што беше подготвена од службите на Собранието, свечената заклетва беше потпишана со користење на уставното име.

Македонските институции во последниве 5 години речиси целосно ги исполнија обврските од Преспанскиот договор и претседателката очекува сите македонски партнери да ги почитуваат билатералните и мултилатерални обврски кои ги презеле кон земјата.“, стои во соопштението од Кабинетот на Претседателот.

фотогорафија Гордана Силјановска Давкова, ФБ