Изложба на Мирослав Масин „Подобро на гранка отколку заглавен во лифт“ во Даут-пашин амам

Сподели

Изложбата на Мирослав Масин, „Подобро на гранка отколку заглавен во лифт“, ќе биде отворена во објектот Даут-пашин амам на 15 мај во 20:00 часот.

Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска-Михајловска, виш кустос во Националната галерија. Изложбата е дел од Годишната програма на Националната галерија за 2024 година и е финансиски поддржана од Министерството за култура.

Изложбата  ќе биде отворена за посетителите до 15 јуни.