МВР 24 часовен Билтен

Сподели

На 14.05.2024 во 16.30 часот во село Добрејци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.К.(45) од село Добрејци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе засадени стебла од растението канабис и дигитална вага со остатоци од марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по негово документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14.05.2024 во 18.00 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода П.П.(42) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14.05.2024 во 13.25 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го привеле С.С.(40) од Неготино. Тој бил баран по распишана централна потерница, врз основа на судска наредба за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

На 14.05.2024 во 19.25 часот на подрачјето на Чаир во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Ш.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.     

На 14.05.2024 во 10.30 часот во СВР Велес било пријавено дека  при извршување земјоделски работи на нива, покрај железничката пруга во атар на с.Виничани, општина Градско, била пронајдена една неиспукана артилериска граната калибар 100 мм. Гранатата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.

На 15.05.2024 околу 03.35 часот во Полициската станица Кисела Вода во Скопје било пријавено дека на подрачје на Кисела Вода било опожарено паркирано патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Казнено – поправната установа Затвор Идризово, кое било паркирано од З.Ј.. Од пожарот бил зафатен и дел од фасада на зграда и предмети на балкони на долните катови од зградата. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 14.05.2024 во 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, во близина на надвозник Глумово, патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(19) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката И.Ш.(18) од с.Ласкарци, скопско, а со телесни повреди се здобила Е.А., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје. 

На 14.05.2024 во 08.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, велосипед управуван од Т.З.(21) од Куманово удрил во пешакот С.Ш.(45) од с.Арачиново, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила велосипедистката, а со телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.  

На 14.05.2024 во 11.30 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на бул.„Ослободување“ во Кичево, патничко возило удрило во две малолетнички и го напуштило местото на несреќата. Притоа, едната малолетничка се здобила со тешки телесни повреди, а другата со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево. 

На 14.05.2024 во 18.50 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на мaгистралниот пат Кичево-Охрид, во атарот на с.Подвис, кичевско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ѓ.(21) од Кичево и патничко возило „мерцедес“ со италијански национални ознаки, управувано од Ч.К.(48) од Република Албанија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а со телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „мерцедес“, Н.К.(45) од Република Албанија, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кичево.

На 14.05.2024 во 11.45 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на крстосница од ул.„Маршал Тито“ и ул.„Првомајска“ во Демир Капија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со демиркаписки регистарски ознаки, управувано од М.А.(39) од Демир Капија и мотоцикл управуван од малолетник од демиркаписко. Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Неготино. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Неготино.

На 14.05.2024 во 12.35 часот во Полициската станица Карпош, К.М.(29) од Скопје пријавила дека во кругот на касарна Илинден во Скопје била касната од куче скитник.

На 14.05.2024 во 10.20 часот во Полициската станица Чаир, В.К.(41) од Скопје пријавил дека на ул.„Босна и Херцеговина“ во Скопје неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 14.05.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Д.Д.(19) од Скопје пријавил дека на ул.„Николај Островски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.