Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, донесе одлука за мерки за претпазливост за И.М., второосомничен во истрагата за Примање награда за противзаконито влијание.
“По денешното произнесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител како и ценење на фактите и доказите во прилог на ОЈО ГОКК, донесе решени со кое предлогот се уважува.
На осомничениот му се опредлуваат мерки за претпазливост од чл. 146 ст.1 т. 2 и 3 односно обврска на осомничениот повремено да се јавува на определено службено лице во судот и одземање на патна и друга исправа за напуштање на државната граница како и забрана за издавање нова.
Мерките важат до правосилноста на постпаката, а против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд”, се наведува во денешното соопштение на Кривичмниот суд.