Драмски театар Скопје гостин на фестивалот РУТА во Сараево

Сподели

Драмскиот театар со претставата „Хеда Габлер“ денеска гостува во Сараево, Босна и Херцеговина, во рамките на босанско-херцеговското издание на регионалниот театарски фестивал РУТА.

Во претставата играат актерите од Драмскиот театар Скопје: Сања Арсовска како Хеда Габлер Тесман, Зоран Љутков како Судијата Брак, Владимир Петровиќ како Јерген Тесман, Дениз Абдула како Ејлерт Левборг и Сара Климоска во улогата на Теа Тесман.

Премиерата на „Хеда Габлер“ беше на 20 април, а гостувањето во Сараево ќе биде петта изведба и прво меѓународно претставување на оваа драма. Претставата е поставена по текст на познатиот автор Хенрик Ибзен. Режисер е Васил Христов, а адаптацијата ја направија Викторија Рангелова-Петровска и Васил Христов. Сценографијата е дело на Васил Христов, а костимите ги дизајнираше Розе Трајчевска-Ристоска.

Фестивалот се одржува од 24 до 29 мај во организација на „Камерен театар 55“.