Изложба “INFINITIY /БЕСКОНЕЧНОСТ“ на Ирена Паскали

Сподели

Во галеријата на  ЛУ Градски музеј Крива Паланка, вечерва  (30 мај) , со почеток во 20 часот, ќе  бите отворена изложбата „ Infinitiy/Бесконечност“ на светски познатата уметница Ирена Паскали. 

Изложата претставува мултимдијален проект  кој комбинира инсталација во простор од целулоидни ленти и камен, видео , фотографија и цртеж.

Според авторката, целулоидот е носител на идеологии, агитација, информации, но и филмска уметност, а пренесувањето на оваа содржина ги одредува патиштата на идентификација, културен идентитет и чувство на заедништво.  Просторната инсталација има за цел да покаже дека носачот на информации –целулоидот, ги содржи актуелните подвижни слики од вестите, културните програми и кината.

„Инсталациите кои ги создавам со целулоид се привремени, тие се реализирани за самата локација каде се поставуваат, се документираат, а по изложбата  се уништуваат“, истакнува Паскали.  

Ирена Паскали дипломира на ФЛУ во Скопје , а магистрира во Келн, Германија,  каде живее и работи  од 2004 година. Таа е уметница од светски ранг , која континуирано е присутна во сферата на визуелната уметност, секогаш претставувајќи се со инсталации, интервенции во простор, со комбинирани медиуми и материјали, цртеж, фотографија, звук и видео.

Изложбата е дел од манифестацијата „ Крива Паланка – Град на културата 2024“.