ВМРО-ДПМНЕ: Хирургија не функционира 15 дена

Сподели

15-ти ден Хирургија не функционира, државата е парализирана заради неспособноста на СДС и ДУИ. 15 дена ниту министерот за здравство Илир Демири, ниту власта во заминување на СДС и ДУИ не преземаа ниту еден чекор за решавање на проблемот на Хирургија.

СДС и ДУИ се 7 години на власт и не преземаа ништо за да се санира Хирургија во целост. Наместо инвестирање во Хирургија СДС и ДУИ 7 години бркаа матни тендери во здравството, провизии од вакцини, трговија со терапија за рак, а пациенти добиваа физиолошки раствор. 7 години здравството пропаѓа. Состојбата на Хирургија е последица на негрижата и криминаллт на СДС и ДУИ, излегоа со реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

“12 директори на Хирургија и министерот Илир Демири се виновни за сите откажани, одбиени и препратени зафати во изминативе 15 дена.

Повеќе од две недели пациенти ширум државата трпат последици од неможноста врз нив да биде направен медицински хируршки зафат.

15 дена директорите на Хирургија и министерот Демири не прават ништо да го санираат проблемот на Хирургија.

Раководителите во здравството назначени од СДС и ДУИ како намерно да го доуништуваат здравството во последните денови пред заминување.

Народот страда заради односот на СДС и ДУИ кон здравството.

За сите кои ја предизвикале штетата на Хирургија и за сите кои не правеле ништо да се санира ќе има одговорност”, – повика Наум Стоилковски од ВМРО – ДПМНЕ.