Ѓоковиќ: Кога ќе се заинатам никој не може да ме победи!

Сподели

Тенисерот Новак Ѓоковиќ избори пласман во осминафиналето и тоа откако успеа да го добие маратонскиот меч против Лоренцо Музети кој се играше во НБА термин.

Во дуелот кој заврши во раните утрински часови со што беше поставен нов рекорд, Србинот славеше со 3-2 во сетови со 7:5, 6:7 (6:8), 2:6, 6:3 и 6:0 со што се израмни со Рожер Федерер на вечната листа на остварени победи на грен слем турнирите.

„Мојата животна приказна е да се направи разлика кога сите ќе ме отпишат. Тоа ме мотивира уште повеќе и многу пати во кариерата покажав од што сум создаден. Кога ќе се заинатам, никој не може да ме победи. Сепак, овој турнир сè уште не е завршен. И како Коби Брајант знаеше да каже – работата не е завршена“, изјави Ѓоковиќ по мечот со Музети.