Мултимедијален перформанс „Со стихови и цвет, мир во цел свет“ со Живко Поповски –Цветин

Сподели

Во среда, 5 јуни, со почеток во 12,30 часот, на Градскиот плоштад во Крива Паланка, ќе се одржи мултимедијален перформанс „Со стихови и цвет, мир во цел свет“,со познатиот уметник и хуманист Живко Поповски –Цветин.

На настанот ќе учествуваат деца , а ќе се читаат стихови и ќе се цртаат цвеќиња, кои се заштитен знак  на Цветин.

Живко Поповски –Цветин е познат миротворец, кратор на мисијата „Цвеќе на мирот“, кој зад себе има повеќе од 300 изложби низ целиот свет и над 60.000 подарени слики со цвеќето на мирот.

Пред 40 години Мајка Тереза има упатено писмо до Цветин во кое меѓу другото напишала: „Бедните се секаде околу нас- осамените, несаканите. Биди љубезен и прави им добрина на оние блиску до тебе. И чувај ја радоста на сакањето на Исус во твоето срце, бидејќи ТОЈ е верен.“

Соработници на  проектот се наставниците  Јасна Ѓорѓиевска, Габриела Стојановска и Лазо Ѓорѓиевски.

Организатор на мултимедијалниот проект е НУ Центар за култура Крива Паланка, а настанот  дел  од „Крива Паланка-Град на културата 2024“ и Кривопаланечкото културно лето.