Јован Деспотовски поднесе кандидатура за Претседател на СДСМ

Сподели

Денеска во седиштето на СДСМ, кандидатура за Претседател на внатрепартиските непосредни избори поднесе Јован Деспотовски.

-Нов механизам преку кој СДСМ ќе дејствува како опозиција. Ќе формираме Влада во сенка која ќе даде опција на граѓаните, да размислуваат и да споредуваат, изјави Деспотовски.

-Ќе бидеме конструктивна опозиција во Собранието, нема да критикуваме по секоја цена. Ќе подадеме рака на секој, вклучително и на политичките опоненти, за сите политики, проекти и чекори кои се во интерес на граѓаните и кои се совпаѓаат со програмата која ја нудиме, Деспотовски, потенцира кандидатот за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски.