Општина Чаир започна со изградба на школски базен за деца

Сподели

Општина Чаир започна со изградба на школски базен за деца. Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу информираше дека површината на базенот е околу 620 метри квадратни, со армирано-бетонска основа, фасада и челичен покрив.

„Длабочината на базенот ќе биде од 80 сантиметри до 1,30 метри.С о неопределен капацитет. Ќе го користат училиштата за вежби, часови по пливање, натпревари и рекреација“, објасни Ганиу.

Тој најави дека овој објект чија изградба денеска ја започна општина Чаир, се очекува да биде готов во ноември.

Школскиот базен во Чаир ќе може да се користи во летни и зимски услови и ќе биде со најсовремени стандарди.