Во “Јадро” аматерска филмска работилница со Марија Џиџева

Сподели

Во просторот на КСП Центар-Јадро во тек е четвртото издание на ОКО – аматерската филмска работилница  со режисерката Марија Џиџева.

ОКО e аматерска филмска работилница за филмски разговори и креации каде учесниците ќе имаат можност да добијат основни познавања за филмска писменост, и преку практична работа да осмислат и креираат кратки филмски етиди.

Работилницата е дел од Годишната програма на Културно-социјалниот простор Центар-Јадро финансиски поддржана од Минсистерството за култура, а креираните филмски етиди ќе бидат дел од годинешното издание на Маалскиот фестивал на КСП Центар-Јадро.