ТРИ ги повикува сите читатели ова лето да патуваат во новитетите – светските бестселери како што се новата романса на Али Хејзелвуд, авторката на „Љубовна хипотеза“ и „Љубовни неврони“, новите психолошки трилери на Ју Несбе и Стив Кавана и, секако, нови наслови од областа на психологијата и личниот развој. Ни ги најавуваат „Осум правила на љубовта“ од Џеј Шети, кој претходно го освои светот со „Размислувај како монах“, и „Книга што посакувате да ја прочитаат вашите сакани (а можеби и неколкумина други)“ од Филипа Пери, која претходно ни ја понуди книгата што посакуваме да ја прочитаат сите родители.
Сите останати новитети можете да ги погледнете на нивниот летен каталог, каде што ќе ве пречекаат и снижените цени (до 70 %), одличните понуди за 3 или 5 книги за 500 денари, како и големиот избор на наслови по 99 денари.
Ве покануваат и да бидете во тек со објавите на настаните што ги планираат во текот на летото. Додека тие остануваат изненадување, попустите и понудите се веќе објавени и достапни. Попустите секогаш значат многу повеќе можност за читање, а да не заборавиме дека во издание на ТРИ има голема читачка понуда од над 700 наслови на најчитаните писатели и советувачи, како Габор Мате, Дипак Чопра, Бријана Вист, Тошиказу Кавагучи, Сали Руни, Елиф Шафак и, секако, класиците од кои најголемо внимание предизвика објавувањето на ремек-делото на Фјодор М. Достоевски, „Браќата Карамазови“ во еден том.
Додека ги разгледувате снижените цени, потсетете се дека и оваа година фокусот на ТРИ е истовремено и врз домашните автори – ова лето е во знакот на Петре М. Андреевски, Горан Стефановски, Лидија Димковска, Венко Андоновски, Румена Бужаровска, Винка Саздова и сите други автори кои оставаат неизбришлива трага во современата македонска проза и поезија.
Подгответе се за ново читачко лето. Освен што можете да ги понесете своите нови наслови во него, и тие ќе ве однесат некаде далеку каде што никогаш не сте биле.
Попустите важат во сите книжарници на ТРИ (Дебар Маало, ГТЦ, Ист гејт и Веро Центар) и онлајн на kniga.mk.