Почина првиот претседател на собранието на независна Македонија, Стојан Андов

Сподели

На 89-годишна возраст почина првиот претседател на Собранието на самостојна и суверена Република Македонија, Стојан Андов.

Андов е роден во Кавадарци на 30 ноември 1935 година. Основно образование и гимназија завршил во родниот град, а дипломирал на Економскиот факултет во Скопје и магистрирал на Факултетот за политички науки во Белград во 1972 година.

Бил потпретседател на Републичкиот извршен совет, член на македонската делегација во Соборот на републиките и покраините и член на федералната влада во три мандати, каде се забележува неговата улога на преговарач во контактите на поранешна Југославија со експертите на ЕЕЗ (1971-1987 г.);

Основач е на Либералната партија на Македонија и како нејзин претседател ја водеше Либералната партија до спојувањето со поранешната ДП 1997 година, кога стана претседател на Советот на новоформираниот политички субјект;

По обновувањето на Либералната партија на Македонија, беше избран за член на нејзиниот Извршен комитет;

На првите повеќе-партиски избори 1990 година, беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и стана претседател на Собранието во јануари 1991 година. На вторите повеќе-партиски избори 1994 година, повторно беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и за претседател на Собранието – должност што ја извршуваше до март 1996 година;

Беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и на последните избори (1998 година);

Како пратеник, претседател е на Комисијата за монетарна и кредитна политика и банкарство на Собранието на Република Македонија;

Беше кандидат за претседател на Република Македонија на претседателските избори 1999 година;

На 30 ноември 2000 година беше избран за претседател на Собранието на Република Македонија.

Во неколку наврати ја извршуваше функцијата претседател на законодавниот дом, беше пратеник, а во 1999 година се кандидираше и за претседател на државата.