Денеска (19.06.2024) во 08.45 часот, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје на ул.„Ѓорѓи Димитров“ во Скопје, на територија на општина Кисела Вода, го лишија од слобода В.С.(46) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за затворска казна од една година поради сторено кривично дело по член 235 став 1 од Кривичниот законик на РСМ. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено – поправна установа.
Денеска (19.06.2024) во 00.10 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р.(29) од с.Бозовце, тетовско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.06.2024 во 14.00 часот на ул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.И.(41) од Тетово затоа што кај него била пронајдена кафеава прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (19.06.2024) во 01.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Г.(23) од с.Синѓелиќ, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.06.2024 во 22.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар , полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.А.(39) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.06.2024 во 22.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 18.06.2024 во 17.20 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода З.А.(64) од Скопје затоа што при гранична проверка било констатирано дека евидира на стоп листата по барање на Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.
На 18.06.2024 во 14.20 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода И.С.(34) од Република Албанија затоа што при гранична проверка во оперативна евиденција било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Секторот за меѓународна полициска соработка – Интерпол. Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (18.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 102 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, две мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, девет санкции за користење мобилен телефон при возење.
Изречени се 10 мерки за некористење сигурносен појас, две санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
На 18.06.2024 во 17.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Липково, во с.Оризаре, липковско, патничко возило „опел зафира“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(21) од с.Никуштак, општина Липково, излетало од коловозот. Во несреќата од здобиените повреди на местото починал сопатникот Р.А.(19) од с.Никуштак, а лекар од Здравствен дом Липково констатирал смрт. Возачот Р.А. се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
На 18.06.2024 во 21.10 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на патот Свети Николе – с.Горобинци, светиниколско, С.С.(70) од с.Иванковци, велешко, управувајќи патничко возило „ланд ровер“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во бетонска ограда и во паркирано патничко возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, паркирано од С.Г.(61) од Свети Николе. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.С, додека со телесни поврди се здобил сопатникот С.С.(52) одс.Иванковци, констатирани во болницата во Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.
На 18.06.2024 во 21.10 часот во Полициската станица Кисела Вода, И.Т.(32) од Скопје пријавила дека на ул.„Марко Орешковиќ“ во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.