Утре, сабота, во 17 часот ќе се одржи настанот „Парада на гордоста“ во централно-градско подрачје во Скопје.
Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, почнувајќи од 15.00 часот, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.