Фетаи: Кога некој како Апасиев ќе те нападне, дефинитивно си на добар пат

Сподели

Вицепремиерот за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи реагираше на нападите на пратеникот на ЛЕВИЦА Димитар Апасиев.

„Пратеникот Апасиев уште еднаш за мене рече дека сум „шпион на Курти“. Кога некој како Апасиев ќе те нападне, дефинитивно си на добар пат. Сепак, сакам накратко да појаснам неколку работи. Прво, наш политички стандард е транспарентноста со јавноста и со партнерите, а Косово е земја партнер. Шпионите припаѓаат на филмовите од комунистичката ера со кои Апасиев сè уште живее. Второ, чест ми е да ме сметаат за близок со премиерот на Република Косово, Албин Курти. Курти во нашиот регион го симболизира рушењето на корумпираните влади со народниот глас и легитимитет. Апасиев дознал за мојот придонес за Самоопределување од моето CV поднесено до Собранието како кандидат за вицепремиер за добро владеење и транспарентност.

Нема што да се крие тука, тоа е искуство што ме обликуваше политички и дел од моето минато со кое се гордеам. Мојот придонес за Самоопределување! Го прекинав во 2018 година, кога ја презедов одговорноста во Алијансата за Албанците. И трето, сигурен сум дека Косово никогаш немало подобар премиер и влада, а од тоа корист ќе има целиот регион. Кога нашите соседи просперираат со демократија, тоа има добар ефект и кај нас. Исто како подобрувањата што ќе ги донесеме во Северна Македонија, позитивно ќе се одразат и на соседите. Косово под водство на премиерот Курти бележи значителен раст на сите параметри на демократијата, владеењето на правото, слободата на говорот според мерењата на меѓународно познатите институции и дека никогаш не изрази непријателски ставови кон Северна Македонија, напротив.

Јас како вицепремиер и ние како ВЛЕН секогаш ќе бидеме блиску до Владата на Косово, како партнери и сојузници. Се разбира, и за заштита на суверенитетот и државноста на Република Косово, до кои не може да допре ниту еден „пријател“ на Апасиев, – се вели во јавната реакција на Арбен Фетаи.