ЖЕНЕВА (AA) – Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) соопшти дека повеќе од 60 отсто од децата опфатени со нејзините операции немаат пристап кон школите и го повикува светот да направи повеќе за да им се обезбеди основното право на образование, јавува Anadolu Agency (AA).
УНХЦР во четвртокот објави проценка во извештајот под наслов „Образование за бегалците во криза“. На 48 страници од извештајот се истакнува дека 3,7 милиони деца на училишна возраст под мандатот на УНХЦР немаат пристап кон школско образование.
Ова соопштение доаѓа во моментот кога Генералото собрание на ОН се подготвува да биде домаќин на Самитот за бегалци и мигранти, кој наредната недела ќе се одржи во Њујорк.
Филипо Гранди, високиот комесар на ОН за бегалци, нагласи дека образованието ја зголемува перспективата на децата за работа и за подобар живот.