Мицкоски: Инвестиција од над 400 милиони евра за поголема енергетска независност

Сподели

Втора половина на јули ќе го имаме ребалансот во Парламент, а веќе некаде таму прва половина на август месец ќе биде Повикот до Општините да аплицираат со проектите. И според тоа што денеска го разговарав со министерката за финансии голема е можноста 6 милијарди денари да бидат распределени кон Општините за проекти кои што се подготвени“, истакна Христијан Мицкоски, претседател на Владата во емисијата „Анализа“ на 24ТВ.

Мицкоски додаде дека со тие 6 милијарди денари очекува најмалку 150 проекти да бидат исфинансирани, а можеби ќе бидат и 200.

„Од тоа што имав можност да видам станува збор за големи проекти, станува збор за булевари, за канализациски системи, за водоводни системи, за градинки, за училишта итн.“, додаде тој.

Мицкоски посочи дека утре ќе се промовира голем проект, и станува збор за инвестиција од 400- 450 милиони евра во енергетиката и нови дополнителни 100 милиони евра за македонскиот бруто домашен производ. А, тоа е многу важно.

„Утре промовираме голем проект, многу значаен проект, тоа е голема странска инвестиција во делот на енергетиката помеѓу 400- 450 милиони евра. Ја користам оваа прилика еве да дадам една многу важна информација, со тоа производство на електрична енергија од македонскиот ветер практично ќе добиеме енергетски баланс тоа значи колку произведуваме толку и да трошиме. И тоа без да имаме специјални закони во Парламентот, без  да имаме било какви заднини“, потенцираше претседателот на Владата.