Во галеријата „Остен“ отворена е изложба на големиот македонски сликар, самоукиот надреалист Вангел Наумовски. Изложбата е по повод 100 годишнината од раѓањето на уметникот и се изложуваат слики, цртежи и графики (од колекцијата на ОСТЕН), со што и започнува официјалната програма на „Остен биенале 2024“.
Во колекцијата на „Остен“ се наоѓаат 65 дела од Вангел Наумовски – слики, цртежи и графики.
Направен е избор на дела од различни фази на неговото творештво, кој се протега од неговите почетоци на надреалниот стил (сликата масло на платно „Без наслов“ од 1964 г.), па се до последните фази на неговото творештво (цртежи, креони во боја на хартија, 1994-1995 г.)
За подобро информирање на публиката за значењето на Вангел Наумовски и неговото творештво, во рамките на изложбата ќе се проектира филмот за Вангел Наумовски од серијата „Портрети“ во продукција на Телевизија Скопје (Редакција за култура и уметност – уредник: Влада Урошевиќ | сценарио: Гордана Бошњакоска/Благоја Марковски | режија: Благоја Марковски) 1981 г.