Гаши на проштална средба со амбасадорот на НР Република Кина, Џанг Ѕуо

Сподели

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, оствари проштална средба со досегашниот амбасадор на Народна Република Кина во земјава Џанг Ѕуо.

Во оваа  пригода, претседателот Гаши изрази благодарност за придонесот на амбасадорот Ѕоу во изминатите години за одржување и продолжување на добрите односи што двете земји ги негуваат со децении. Тој му посака на кинескиот аммбасадор успех во понатамошната работа и на новите должности.

Соговорниците се согласија дека, и покрај географската оддалеченост, односите меѓу две држави се пријателски и се развиваат во  духот на меѓусебното разбирање и заемно почитување.

На средбата се разговараше и за продолжување и унапредување на соработката меѓу законодавните домови, со оглед на тоа што во Собранието на РС Македонија е во тек процесот на конституирање на пратеничките групи за соработка.

Амбасадорот Ѕуо ја истакна солидарноста меѓу двете држави за време на справувањето со ковид-пандемијата.

Исто така, беа разменети мислења и околу можностите за интензивирање на економската соработка и поддршка, како и на соработката во други области.