Мицкоски за членовите на Судскиот совет: Тие се против реформите зошто удобно им е да седат во фотелји

Сподели

Убава е нивната позиција, секој месец да си земате плата, а да имате 2 проценти доверба кај граѓаните. Таа е најубавата позиција, комфорна, заседнати во дебели кожни фотелји со црвени килими и секој ден да доаѓате на работа, да броите илјадници евра месечна плата, а кај граѓаните да уживате само 2 проценти доверба. И нормално е кога некој сака инвазивно да делува, да направи реформа, веднаш од другата страна имаме одбранбен механизам кој што вели, не, не ние сме против тоа, затоа што реформата која што ние ја предвидувавме, предвидуваше да нема повеќе удобни фотелји, туку да има одговорност и отчетност, за да видиме што е тоа што тие сработиле до сега, вели Претседателот на Владата на Република Северна Македонија одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес конференција.

Премиерот Мицкоски потенцираше дека треба да им е срам што се уште земаат народни пари, а уживаат доверба од само 2 проценти, наместо и самите да речат дека навистина треба да се променат работите, потенцирајќи дека Владата ќе продолжи да нуди решенија и да се промени нешто, односно како што рече да не биде како до сега, бидејќи заради тоа Македонија се празни.

И сега нормално е дека ќе се појавуваат и таков тип експерти и таков тип на луѓе кои се дел од тие тела, кои што имаат доверба од 2 проценти. Јас би се засрамил да имам 2 проценти доверба. Веднаш ќе ја напуштам работата која што ја работам и ќе се занимавам нешто друго. А тие кои што најголемиот дел од нив видовме како таму се поставени, наместо да се засрамат и самите да речат дајте навистина нешто да направиме, тие продолжуваат и понатаму да ги трошат народните пари, па дури и уште испраќаат пораки во јавноста и се закануваат. Ние ќе продолжиме да нудиме решенија, ние тоа го знаеме, да нудиме решенија, ако имаат тие подобри решенија нека дојдат да разговараме за да смениме нешто, да не биде како до сега. Затоа што како до сега, децата ни се иселија, Македонија се испразни, вели премиерот.

Мицкоски нагласи дека борбата со криминалот и корупцијата, како и владеењето на правото биле носечки столбови на оваа Влада бидејќи и поради тоа добиле повеќе од 600.000 гласа.

Ако оставиме ваков тип на функционери кои што уживаат народни пари, а ништо не прават со доверба од 2 проценти, како држава нема да одиме за долго. Како држава нема да одиме за долго, ако не направиме сериозни темелни структурни реформи. Тоа е суштината. А борбата со корупцијата и криминалот и владеењето на правото беа еден од носечки столбови за време на кампањата на оваа Влада за што добивме повеќе од 600.000 гласа, дециден е премиерот.