Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 127 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, девет мерки за користење на мобилен телефон при управување, четири санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, пет мерки за некористење на сигурносен појас, 13 санкции за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикл…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.