Одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни

Сподели

По прашања од повеќе медиуми кои се однесуваат на Решението за отфрлање на иницијативата за платите на судиите, Уставниот суд го дава следниот одговор: 

Судот како заштитник на слободата на мислата и на јавното изразување на мислата, ги поддржува размислувањата и дебатите во јавноста и особено се добредојдени сите реакции кои содржат издржана правна квалификација. 

Одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни. Судот по предметната иницијатива одлучи, но дел од реакцијата на Здружението на судиите не соодвествува со уставната, правната и судската култура кои се од исклучително значење за враќањето на угледот и на довербата на граѓаните во правосудниот систем и воопшто во институциите на системот, се наведува во реакцијата на Уставниот суд..