ВЛЕН се грижи за граѓаните и Албанците: Кражбата  е синоним за ДУИ

Сподели

На владината седница на која на дневен ред беше ребалансот на буџетот, на која меѓу другото беа обезбедени 100 милиони евра за општините и покачувањето на пензиите за 2.500 денари веднаш и уште 2.500 следната година, коалицијата ВЛЕН ја докажува својата посветеност на граѓаните.

Заради транспарентност, која ја ветивме, коалицијата ВЛЕН утврди дека претходната влада предводена од министерот за финансии Фатмир Бесими од редовите на Демократската унија за интеграција го оставила буџетот во катастрофална состојба.

ДУИ за жал безмилосно го украде и државниот буџет. Нивното владеење над 20 години ги остави без зрно надеж граѓаните, особено албанските населби, каде што имаме егзодус на млади Албанци.

Оваа партија, освен што е позната по крадењето и корупцијата, демонстрираше целосна нетранспарентност и одговорност, уништувајќи ја довербата на граѓаните во јавните институции.

  • Буџет во алармантна состојба: Додека ДУИ беше во власт, буџетот се менаџираше катастрофално, оставајќи ја земјата во многу тешка финансиска состојба.
  • Непотизам: Назначувањата што ги има направено за време на нејзиното владеење беа врвот на ледениот брег на културата на непотизам, каде клучните позиции беа пополнети со поединци кои ја имаа првата работа како директор, додека како принцип го имаа дека добар Албанец е само тој Албанец кој е близок и лојален на партијата.
  • Корупција и злоупотреба на власта: ДУИ ја искористи секоја можност за нечесно профитирање, занемарувајќи ги интересите на граѓаните и уништувајќи ја довербата во јавните институции.

Коалицијата ВЛЕН е решена да се бори против оваа болест и да ги извади во површина само најдобрите за да има чесно, транспарентно и одговорно владеење. Ги повикуваме граѓаните да бидат будни и да бараат одговорност од сите функционери.

Сега е време за ПРОМЕНИ и ДЕЛА. Коалицијата ВЛЕН ќе продолжи да се бори за изградба на подобра иднина за сите граѓани на нашата земја, далеку од корупцијата и непотизмот што го карактеризираше владеењето на ДУИ, се наведува во соопштението на ВЛЕН.