„Скопски урбани приказни 2024“ – изложба на ДЛУМ

Сподели

Во рамките на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“, денеска (17 јули) во 20:30 часот во Куќата на ДЛУМ („Илинденска“ бр. 63) ќе биде отворена изложбата на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, „Скопски урбани приказни“. Куратори на изложбата се Уметничкиот совет на ДЛУМ и Маја Чанкуловска-Михајловска.

Уметниците Ана Ивановска, Доротеј Нешковски, Шќипе Мехмети, Сашо Блажес, Марина Лешкова, Давор Кешкец и Сокол Марковски, преку различни медиуми и инакви перцепции, ќе ги претстават своите толкувања за „домот“ не само како физички димензионирана структура, туку и како (ин)директно чувство на припадност, смиреност и сигурност, како простор кој ја дефинира идентитетската определба, утопијата, реалноста.