Од ДУИ имаа реакција каде плачеа зошто е тргната функцијата економски директор во Министерството за здравство. Сосема непотребна позиција со која ДУИ ги имаше „честеше“ своите луѓе.Значи ДУИ и замери на Владата што штеди пари на граѓаните и ги раскинува коруптивните врски изградени од ДУИ, се наведува во реакцијата на ВЛЕН.
На оваа партија и требаат две работи:
1. Добар тим на адвокати да се брани од обвиненијата што и се подготвуваат,
2. Да сфати дека барем сега кога е во опозиција мора да го смени нејзиниот коруптивен менталитет, додаваат оттаму.