Музичка вечер на „Охридско лето“ со пијанистките Ѓошевска и Мицовска

Сподели

Програмата на годинашното 64. издание на фестивалот „Охридско лето“ продолжува со содржина од музичкиот дел, со концертот на нашиот пијано- дует – Марија Ѓошевска и Славица Мицовска.

Концертот ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ вечер од 21:00 часот, а на програмата се дела за пијано-дует од Григ, Моцарт, Равел.